Thursday, May 5, 2016


Кливленд и одржа кошаркарска лекција на Атланта во вториот натпревар во полуфиналето на источната конференција, победа која има двојно значење за Кавалирси поради тоа што поставија уникатен рекорд на еден натпревар и влегоа во историјата на НБА.


Леброн Џејмс и пријателите погодија импозантни 25 тројки на средбата со Атланта, па токму поради тоа не чуди фактот што на крајот славеа со преубедливи 123:98, разлика која можеше да биде и далеку поголема ако не следеше опуштање на крајот.

Голден Стејт на плеј-оф натпреварот со Хјустон постави рекорд со 21 постигнати тројки на еден меч, но истиот кратко траеше благодарение на феноменалното издание на кошаркарите на Кливленд кои имаа шутерска ноќ за паметење.



Џеј Ар Смит со седум постигнати тројки и вкупно 23 постигнати поени беше еден од предводниците на несекојдневната кошаркарска рапсодија, во која значајна улога не можеше да нема и Леброн Џејмс кој беше најефикасен на паркетот со постигнати 27 поени, од кои 12 со удари за три поени.

Доста расположен во домашниот табор беше и Кајри Ирвинг кој исто така погоди четири тројки и мечот го заврши со 19 поени, а покрај овие тројца, барем по една тројка од редовите на Кливленд постигнаа уште седум играчи.

Полуфиналната серија по водството од 2:0 на Кливленд се сели во Атланта, каде сега популарните „јастреби“ пред домашната публика ќе имаат шанса да го обелат образот и да ја вратат неизвесноста во полуфиналето.

Кливленд ја размонтира Атланта и постави фантастичен рекорд во НБА

Прочитај Повеќе


Сан Антонио ја декласираше Оклахома со 32 поени разлика на првиот натпревар кој се одигра пред два дена, но изминатава ноќ "громовите" одиграа многу подобро и успеаја да израмнат на 1:1 во полуфиналната серија на Западот.




Во крајно изедначениот натпревар кој се одигра во Тексас, Оклахома на крајот славеше со минимални 98:97, победа со која успеа да направи брејк и да ја остави зад себе катастрофалната партија која навести апсолутна доминација на Спарси.

Главна причина што Оклахома играше далеку подобро на вториот натпревар е будењето на Дурент и Вестбрук, играчи кои најверојатно ја имаа најслабата партија оваа сезона пред две вечери.

Големите ѕвезди вечерва постигнаа вкупно 57 поени, односно Вестбрук уфрли 29 проследени со 10 асистенции и 6 скокови, а Дурент 28 поени.



Непосредно пред да биде одигран вториот натпревар во „Ај-Ти“ центарот, на програмата беше и првото полуфинале во источната конференција меѓу Кливленд и Атланта, од кое како поуспешни излегоа Кавалирси.

Лидер на Кливленд во петтата победа на петтиот одигран натпревар во плеј-офот беше Леброн Џејмс со 25 поени, Кајри Ирвинг постигна четири помалку, додека фантастичен беше и Кевин Лав со дабл-дабл учинок од 17 поени и 11 скокови.

Вестбрук и Дурент се налутија, Оклахома направи брејк

Прочитај Повеќе

Слично како и на минатиот натпревар по повредата на големата ѕвезда, Голден Стејт докажа дека може да функционира против Хјустон и без неверојатниот Стеф Кари, а тоа најдобро го одразува конечниот резултат од петтиот натпревар меѓу овие два тима во плеј-оф серијата.



„Воините“ го добија натпреварот пред домашната публика со 114:81, па покрај тоа што покажаа дека можат да го надокнадат отсуството на Кари, сега и дефинитивно обезбедија пласман во конференциското полуфинале откако славеа со конечни 4:1.

Како што се очекуваше, во отсуство на најдобриот играч, одговорноста ја преземаа Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин, играчи кои со своите одлични партии го одведоа актуелниот шампион до полуфиналето.

Томсон беше најефикасен во своите редови со 27 уфрлени поени, додека Грин придодаде со својата разновидна игра, односно 15-те поени, 9 скока и 8 асистенции.



Ако епилогот од пресметките меѓу Голден Стејт и Хјустон беше очекуван, она што навистина се смета за големо изненадување е пресвртот кој го направи Портланд. „Блејзерите“ стартуваа со негатива од 2:0 во серијата со ЛА Клиперс, но сега водат со 3:2 и се многу поблиску до пресметка со Голден Стејт откако знаеја како да ги искористат повредите на Крис Пол и Блејк Грифин.

Отсуствата на двете големи ѕвезди на Клиперси дојдоа во најлош можен период, а доволен доказ за тоа е последниот резултат од 98:108 во „Стејплс центарот“.



Интересно, изненадувањата изминатава ноќ во Америка ги продолжи и екипата на Шарлот, која успеа да слави на гостувањето кај Мајами со 88:90 по што поведе со 3:2 во серијата.

Голден Стејт го дотолчи Хјустон и без Кари, Клиперси тонат без Пол и Грифин

Прочитај Повеќе


Македонскиот шампион Вардар и оваа година својот настап во Лигата на шампионите го заврши во четвртфиналето со тоа што овој пат на патот на „црвено-црните“ до Келн застана Веспрем.




Избраниците на Раул Гонзалес денеска одиграа храбар и квалитетен меч, не загубија на жешкиот терен во Унгарија (30:30), но тоа не беше доволно бидејќи на првата средба во Скопје противникот славеше со три гола разлика (29:26).

Вардарци во првото полувреме во неколку наврати имаат четири гола позитива, но противникот до крајот на 30 минута таа негатива ја спушти на само два (14:12). Во вториот дел домаќините беа посмирени, не дозволија ривалот одново да се одлепи и на крајот сосема заслужено обезбедија пласман на завршниот турнир во ова натпреварување.

Пет гола даде Душебаев, по четири Шишкарев и Циндриќ. На спротивната страна Илиќ беше стрелец на 9 голови.

Вардар непоразен во Унгарија, Веспрем на Ф4 во Келн

Прочитај Повеќе


Денеска напладне во просториите на Ракометната Федерација на Македонија беа извлечени ждрепките за завршните турнири во ракмотните купови на машка и женска конкуренција, а она што најавува голем спектакл е фактот што најголемите ривали се избегнаа во полуфиналната рунда.




Актуелниот машки ракометен првак Вардар во полуфиналето го доби за противник тимот на Охрид, додека Металург ќе ги одмери силите со јуниорскиот тим на вардарци. Натпреварите се закажани за 13 и 14 мај, а првите луѓе на РФМ дополнително треба да одлучат кој ќе биде домаќин на завршниот турнир.

Истата е ситуацијата и кога е во прашање Ф4 турнирот во женска конкуренција, со тоа што првото полуфинале го сочинуваат екипите на ЖРК Вардар и Куманово, а второто Вардар Јуниор и Металург. Завршните мечеви во женскиот куп се закажани за наредниот викенд, односно на 14 и 15 мај.

Големите ривали се избегнаа во полуфиналињата на ракометниот куп

Прочитај Повеќе


Манчестер Сити одигра крајно резервирано и на крајот сосема заслужено испадна од Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите, натпревар кој покрај минималниот пораз од 1:0, во Англија се разгледува и од една друга страна поради бруталниот однос кој го покажала полицијата на "Бернабеу".



Доцна синоќа на социјалните мрежи стана вирално едно видео на кое се гледа како шпанската полиција немилосрдно удираше со тупаници двајца фанови на Манчестер Сити, а прекумерната сила која беше употребена за да бидат преместени од едно на друго место на трибината наиде на голема осуда меѓу медиумите во Англија кои го потенцираат лошото гостопримство на одговорните лица за безбедност на стадионот.



Таблоидите застанаа во одбрана на фановите на Сити кои делуваат навистина беспомошно во дадената ситуација, образложувајќи дека сите навивачи кои пристигнуваат од Англија непотребно се третираат како хулигани и на најлош можен начин во другите земји.

Видео кое ја потресе Англија: Полицијата на "Бернабеу" брутално ги тепаше фановите на Сити

Прочитај Повеќе


Екипата на Атлетико Мадрид е првиот финалист во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Симеоне синоќа беа поразени од Баерн со 2:1, но поради „гол на гости“ мадридскиот тим патува во Милано.

Тренерот на Атлетико, харизматичниот Диего Симеоне повторно беше во елемент, имаше неколку конфликти со судијата и Пеп Гвардиола и 90 минути енергично реагираше покрај аут-линијата.

Во самиот финиш Аргентинецот се обиде да украде време со тоа што ќе направи измена, но неговиот асистент кој што е задолжен за измените сакаше малку да почека. Тоа не му се допадна на Аргентинецот кој го удри својот помошник.

Diego El Loco - Video Dailymotion

Сепак, неговиот Атлетико успеа да издржи до последниот судиски свиреж и да се пласира во големото финале, а по завршувањето на мечот, Диего Симеоне не можеше да ги сопре солзите.

Микс на емоции и вистинско шоу на Симеоне: Го удри својот помошник, па плачеше...

Прочитај Повеќе

Градот Лестер во изминативе неколку дена живее за најголемото достигнување во историјата кое го остварија Клаудио Раниери и неговите играчи, успех кој едноставно никој не можеше да го замисли и се сметаше за невозможна мисија пред стартот на сезоната.



На две кола пред крајот, Лестер и математички ја осигура првата и сензационална титула во англиската Премиер лига, а покрај големата еуфорија, во градот во кој популарна е сината боја почнаа да се произведуваат и чудни производи кои одат како „алва“ во маркетите.

Сината боја во овој момент се користи во Лестер за производство на било какви производи, но дефинитивно најголемо внимание привлекоа сините колбаси во маркетите со кои се очекува да почне саботното заливање и големата прослава на титулата на средбата со Евертон.

Титулата на Раниери и дружината донесе и појава на чудни производи во Лестер

Прочитај Повеќе

Капитенот Серхио Рамос беше еден од првите кои излегоа со изјава по новиот пласман на Реал Мадрид во едно финале во Лигата на шампионите, но покрај тоа што потенцираше дека Атлетико Мадрид ќе биде многу посложен ривал за нив за разлика од Баерн Минхен, не пропушти да ја искаже големата почит која ја чувствува кон еден човек од големиот градски ривал.



Реал и Атлетико по втор пат во последните три сезони ќе ги одмерат силите во големото финале на најелитното фудбалско натпреварување, но за разлика од 2014 кога град домаќин беше Лисабон, сега дуелот меѓу двата мадридски ривали ќе се одигра во Милано на „Сан Сиро“.

Рамос го издвои Чоло Симеоне како човек кој премногу го почитува и покрај тоа што работи во еден од најголемите противници на Реал, и потенцираше дека неговиот тим е најнезгодниот со кој можете да се соочите во овој момент.

– Посебно почитувам еден човек од Атлетико. Чоло е навистина врвен тренер и навистина ми годеше кога слушнав дека сака еден Рамос во својот тим. Му посакувам се најдобро, но во финалето ќе бидеме ривали. Навистина имам специјално мислење за него и премногу го респектирам. Мислам дека неговиот Атлетико е многу понезгоден ривал од Баерн. Се бранат многу добро, не оставаат никаков простор и не знаеш што ќе те снајде. Сепак, ние нема да мисиме на нив, ќе бидеме насочени на нашата игра и на тоа да не направиме ниту една грешка, – изјавил Рамос по мечот со Манчестер Сити (1:0).

Рамос: Посебно почитувам еден човек од Атлетико

Прочитај Повеќе


Реал Мадрид патува во Милано и тука ништо не може да се промени. Сепак, се чини дека фудбалерите а Сити синоќа беа оштетени во Мадрид...


Фудаблерите на Сити веројатно не ни заслужија да се пласираат во финалето, иако, можеби можеа да добијат шанса за да израмнат на 1:1 и да закажат дуел со Атлетико Мадрид на „Џузепе Меаца“ во Милано.

За што станува збор? Во финишот на натпреварот кога фудбалерите на Атлетико Мадрид не напаѓаа баш смислено, една топка беше упатена во казнениот простор на Реал. Кон неа тргна голманот Кејлор Навас, но од втор план дотрча и Серхио Рамос. Двајцата имаа намера да ја отстанат опасноста, но притоа Навас ја удри топката со глава, а Рамос се чини дека ја допре со раката.




Дали „Граѓаните" синоќа беа оштетени во Мадрид?

Прочитај Повеќе

Металург се покажа во навистина добро светло и покрај тоа што загуби со 26:22 на вчерашното големо дерби со Вардар кое се одигра во "Јане Сандански", но дефинитивно откровение на натпреварот беше младиот Мартин Томовски кој на неверојатен начин го замени Дупјачанец.



Талентираниот голман на „металурзите“ доби уникатна шанса во второто полувреме, кое на крајот го заврши со фантастични 8 одбрани, од кои неколку беа навистина атрактивни и изнудија одушевување на трибините во салата во Аеродром.



Откровение на дербито: Младиот Томовски воодушеви со своите одбрани во "Јане Сандански"

Прочитај Повеќе