Капитенот Серхио Рамос беше еден од првите кои излегоа со изјава по новиот пласман на Реал Мадрид во едно финале во Лигата на шампионите, но покрај тоа што потенцираше дека Атлетико Мадрид ќе биде многу посложен ривал за нив за разлика од Баерн Минхен, не пропушти да ја искаже големата почит која ја чувствува кон еден човек од големиот градски ривал.
Рамос го издвои Чоло Симеоне како човек кој премногу го почитува и покрај тоа што работи во еден од најголемите противници на Реал, и потенцираше дека неговиот тим е најнезгодниот со кој можете да се соочите во овој момент.
– Посебно почитувам еден човек од Атлетико. Чоло е навистина врвен тренер и навистина ми годеше кога слушнав дека сака еден Рамос во својот тим. Му посакувам се најдобро, но во финалето ќе бидеме ривали. Навистина имам специјално мислење за него и премногу го респектирам. Мислам дека неговиот Атлетико е многу понезгоден ривал од Баерн. Се бранат многу добро, не оставаат никаков простор и не знаеш што ќе те снајде. Сепак, ние нема да мисиме на нив, ќе бидеме насочени на нашата игра и на тоа да не направиме ниту една грешка, – изјавил Рамос по мечот со Манчестер Сити (1:0).

0 comments:
Post a Comment