Thursday, May 5, 2016

Вардар непоразен во Унгарија, Веспрем на Ф4 во Келн


Македонскиот шампион Вардар и оваа година својот настап во Лигата на шампионите го заврши во четвртфиналето со тоа што овој пат на патот на „црвено-црните“ до Келн застана Веспрем.




Избраниците на Раул Гонзалес денеска одиграа храбар и квалитетен меч, не загубија на жешкиот терен во Унгарија (30:30), но тоа не беше доволно бидејќи на првата средба во Скопје противникот славеше со три гола разлика (29:26).

Вардарци во првото полувреме во неколку наврати имаат четири гола позитива, но противникот до крајот на 30 минута таа негатива ја спушти на само два (14:12). Во вториот дел домаќините беа посмирени, не дозволија ривалот одново да се одлепи и на крајот сосема заслужено обезбедија пласман на завршниот турнир во ова натпреварување.

Пет гола даде Душебаев, по четири Шишкарев и Циндриќ. На спротивната страна Илиќ беше стрелец на 9 голови.

0 comments:

Post a Comment