Thursday, May 5, 2016

Видео кое ја потресе Англија: Полицијата на "Бернабеу" брутално ги тепаше фановите на Сити


Манчестер Сити одигра крајно резервирано и на крајот сосема заслужено испадна од Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите, натпревар кој покрај минималниот пораз од 1:0, во Англија се разгледува и од една друга страна поради бруталниот однос кој го покажала полицијата на "Бернабеу".



Доцна синоќа на социјалните мрежи стана вирално едно видео на кое се гледа како шпанската полиција немилосрдно удираше со тупаници двајца фанови на Манчестер Сити, а прекумерната сила која беше употребена за да бидат преместени од едно на друго место на трибината наиде на голема осуда меѓу медиумите во Англија кои го потенцираат лошото гостопримство на одговорните лица за безбедност на стадионот.



Таблоидите застанаа во одбрана на фановите на Сити кои делуваат навистина беспомошно во дадената ситуација, образложувајќи дека сите навивачи кои пристигнуваат од Англија непотребно се третираат како хулигани и на најлош можен начин во другите земји.

0 comments:

Post a Comment