Thursday, May 5, 2016

Вестбрук и Дурент се налутија, Оклахома направи брејк


Сан Антонио ја декласираше Оклахома со 32 поени разлика на првиот натпревар кој се одигра пред два дена, но изминатава ноќ "громовите" одиграа многу подобро и успеаја да израмнат на 1:1 во полуфиналната серија на Западот.




Во крајно изедначениот натпревар кој се одигра во Тексас, Оклахома на крајот славеше со минимални 98:97, победа со која успеа да направи брејк и да ја остави зад себе катастрофалната партија која навести апсолутна доминација на Спарси.

Главна причина што Оклахома играше далеку подобро на вториот натпревар е будењето на Дурент и Вестбрук, играчи кои најверојатно ја имаа најслабата партија оваа сезона пред две вечери.

Големите ѕвезди вечерва постигнаа вкупно 57 поени, односно Вестбрук уфрли 29 проследени со 10 асистенции и 6 скокови, а Дурент 28 поени.



Непосредно пред да биде одигран вториот натпревар во „Ај-Ти“ центарот, на програмата беше и првото полуфинале во источната конференција меѓу Кливленд и Атланта, од кое како поуспешни излегоа Кавалирси.

Лидер на Кливленд во петтата победа на петтиот одигран натпревар во плеј-офот беше Леброн Џејмс со 25 поени, Кајри Ирвинг постигна четири помалку, додека фантастичен беше и Кевин Лав со дабл-дабл учинок од 17 поени и 11 скокови.

0 comments:

Post a Comment