Кливленд и одржа кошаркарска лекција на Атланта во вториот натпревар во полуфиналето на источната конференција, победа која има двојно значење за Кавалирси поради тоа што поставија уникатен рекорд на еден натпревар и влегоа во историјата на НБА.
Леброн Џејмс и пријателите погодија импозантни 25 тројки на средбата со Атланта, па токму поради тоа не чуди фактот што на крајот славеа со преубедливи 123:98, разлика која можеше да биде и далеку поголема ако не следеше опуштање на крајот. Голден Стејт на плеј-оф натпреварот со Хјустон постави рекорд со 21 постигнати тројки на еден меч, но истиот кратко траеше благодарение на феноменалното издание на кошаркарите на Кливленд кои имаа шутерска ноќ за паметење. Џеј Ар Смит со седум постигнати тројки и вкупно 23 постигнати поени беше еден од предводниците на несекојдневната кошаркарска рапсодија, во која значајна улога не можеше да нема и Леброн Џејмс кој беше најефикасен на паркетот со постигнати 27 поени, од кои 12 со удари за три поени. Доста расположен во домашниот табор беше и Кајри Ирвинг кој исто така погоди четири тројки и мечот го заврши со 19 поени, а покрај овие тројца, барем по една тројка од редовите на Кливленд постигнаа уште седум играчи. Полуфиналната серија по водството од 2:0 на Кливленд се сели во Атланта, каде сега популарните „јастреби“ пред домашната публика ќе имаат шанса да го обелат образот и да ја вратат неизвесноста во полуфиналето. |
Thursday, May 5, 2016
Кливленд ја размонтира Атланта и постави фантастичен рекорд во НБА
За Авторот
Автор: Филип Карагиров
Здраво јас сум Филип, сакам да гледам фудбал, кошарка(посебно обожавам и одам да тренирам) но и други спортови, мојот идол е Кристијано Роналдо фудбалер што игра за тимот Реал Мадрид од Шпанија

0 comments:
Post a Comment